Правилаза наградна игра
„ДОРА Лојалти Те Наградува – 5.000 €“
Приредувач на наградната игра
Приредувач на наградната игра е:
Друштво за трговија и услуги ДОРА ХОЛДИНГ 2024 ДООЕЛ Скопје,
со седиште на ул. „Варшавска“ бр. 17-1/13, 1000 Скопје,
ЕМБС: 7767919
ЕДБ: 4057024570963
Приредувачот е одговорен за организација, реализација и законско спроведување на наградната игра согласно Законот за игри на среќа и забавни игри на Република Северна Македонија.
Назив и опис на наградната игра
Наградната игра се организира под назив:
„ДОРА Лојалти Те Наградува – 5.000 €“
Наградната игра има за цел да ја промовира ДОРА Лојалти Кард.
Времетраење на наградната игра
Наградната игра ќе трае 90 (деведесет) дена, во периодот:
од 15/01/2026 година до 15 /04/2026 година,
во согласност со датумот на официјалното лансирање на ДОРА Лојалти Кард.
Право на учество
Право на учество во наградната игра има секое полнолетно физичко лице кое, во периодот на траење на наградната игра:
Поседува ДОРА Лојалти Кард, која се стекнува исклучиво со купување преку официјалната веб-страница www.doraloyalty.mk или бесплатно со купување на станбен или деловен простор преку ДОРА ХОЛДИНГ 2024 ДООЕЛ.
ДОРА Лојалти Кард е мобилна апликација достапна за преземање преку платформите Apple App Store и Google Play Store. Корисниците на апликацијата остваруваат попусти при купување на производи или користење на услуги во продажните места на партнерите вклучени во ДОРА Лојалти програмата, преку генерирање на уникатен бар-код во апликацијата, кој се презентира на каса при наплата.Бар-кодот се евидентира од страна на партнерот преку апликацијата ДОРА Лојалти, која е инсталирана и активна во продажните места на партнерите, со што се потврдува користењето на ДОРА Лојалти Кард.
За валидна трансакција се смета секоја реализирана купопродажба на производи или услуги во продажните места на партнерите на ДОРА Лојалти програмата, при која ДОРА Лојалти Кард е евидентирана во моментот на наплата
Извршило најмалку една валидна трансакција со ДОРА Лојалти Кард,со било која вредност, во продажните места на партнерите на ДОРА Лојалти програмата; кои се објавени на веб-страницата www.doraloyalty.mk.
Нема обврска за дополнителна котизација, надомест или посебна пријава за учество во наградната игра,
ДОРА Лојалти Кард може да се користи исклучиво во продажните објекти и онлајн-каналите на официјалните партнери на ДОРА Лојалти програмата, кои се јавно објавени на веб-страницата doraloyalty.mk.
Од учество во наградната игра се исклучени вработените кај Приредувачот и семејствата на вработните.
Територија на приредување на наградната игра
Наградна игра
Механизам на учество
Секоја трансакција направена со ДОРА Лојалти Кард во партнерските продажни места, за време на траењето на наградната игра, автоматски создава една шанса за учество во електронската база за извлекување.
Еден учесник може да оствари неограничен број шанси за учество, во зависност од бројот на извршените трансакции.
Секоја трансакција се евидентира во заштитен информациски систем на Приредувачот.
Фонд на награди
Вкупниот фонд на награди изнесува:
Еден (1) ваучер со номинална вредност од 5.000 €односно 307.500 ден, кој може да се искористи исклучиво за купување производи и/или услуги во продажните места на партнерите на ДОРА Лојалти програмата.
Особености на ваучерот:
Ваучерот е неновчан и не може да се разменува за готовина.
Ваучерот е непренослив и важи само за носителот на наградата.
Ваучерот не мора да се искористи во една трансакција, туку може да се користи во повеќе последователни трансакции, до целосно или делумно искористување на неговата номинална вредност.
Ваучерот е електронски и се доделува во дигитална форма, при што истиот е достапен и може да се користи исклучиво преку мобилната апликација ДОРА Лојалти Кард. Ваучерот не се издава во печатена форма, ниту во друга физичка или електронска форма надвор од мобилната апликација. Рокот на важност на ваучерот изнесува 2 (два) месеци, сметано од денот на неговото доделување.
Неискористениот износ по истекот на рокот не се надоместува.
Начин на извлекување
По истекот на периодот на наградната игра која ќе трае од 15/01/2026 година до 15 /04 /2026 година:
Се затвора електронската база на учесници, и повеќе трансакции не се евидентираат.
Ќе се организира јавно извлекување. На 20.04.2026, во 15 час, во просториите на ДОРА ХОЛДИНГ 2024, Кеј 13ти Ноемврибр. Лок.139 / ГТЦ Скопје-Центар.
Контрола над извлекувањето ќе изврши тричлена комисија, именувана од Приредувачот на наградната игра.
Добитникот ќе биде избран со електронски генератор на случаен избор
За извлекувањето ќе се состави записник, кој ќе се чува како доказ за спроведување на наградната игра.
Објава на добитникот
Името на добитникот ќе биде објавено во рок од 3 (три) дена од денот на извлекувањето:
на официјалната веб-страница на Приредувачот www.doraloyalty.mk;
на официјалните профили на социјални мрежи;
преку писмено известување до добитникот, на регистрираните телефонски број и е-пошта.
Доделување на наградата
Доделувањето на наградата ќе се реализира во рок од 10 (десет) дена од денот на објавување на добитникот.
Добитникот е должен да потпише Потврда за прием на наградата.
Ваучерот може да се користи исклучиво за купување производи и/или услуги кај партнерите на ДОРА Лојалти програмата, во периодот на неговата валидност.
Промотивни активности
Правилата на наградната игра ќе бидат јавно објавени на веб-страницата на ДОРА Лојалти веднаш по добивање согласност од Министерството за финансии пред започнување на наградната игра.
Онлајн и Офлајн канали:
Социјални мрежи (Facebook, Instagram) на ДОРА Лојалти
Веб-страница на ДОРА Лојалти ,www.doraloyalty.mk
Постери и промотивни материјали кај партнерите
ПР и медиуми:
Најави при започнување на наградната игра
Јавен пренос на извлекувањето
Медиумска покриеност при доделување на наградата
Заштита на лични податоци
Обработката на лични податоци ќе се спроведува согласно Законот за заштита на лични податоци.
Податоците ќе бидат користени исклучиво за потребите на наградната игра и нема да бидат достапни на трети лица.
Право на приговор
Незадоволниот учесник во Наградната игра има право во рок од 5 (пет) дена од денот на објавување на списокот на добитници да поднесе приговор во писмена форма до ОРГАНИЗАТОРОТ на Наградната игра е должен во рок од 5 (пет) дена од денот на приемот на приговорот, писмено да одговори на добиениот приговор.
Скопје, 24.12.2025