Што е Dora Loyalty?

Dora Loyalty е премиум програма за лојалност која им овозможува на регистрираните членови пристап до ексклузивни попусти и бенефиции кај внимателно селектирани партнери.

Како да станам член на Dora Loyalty програмата за лојалност?

За да станете член, потребно е да се регистрирате и да ја уплатите членарината. По успешната регистрација, добивате дигитална Dora Loyalty картичка преку која ги користите сите придобивки од програмата.

Каде можам да се регистрирам?

Регистрацијата се врши преку нашата официјална веб-страница или преку мобилната апликација Dora Loyalty.

Колку изнесува членарината за Dora Loyalty програмата?

Годишната членарина изнесува 1.500 денари.

Колку време трае членството?

Членството е валидно 365 дена од денот на уплатата.

Како се врши уплатата?

Уплатата се извршува онлајн, преку банкарски платежен портал достапен на нашата веб-страница и на мобилната апликација. Уплатата може да се направи веднаш по регистрацијата.

Како се користат попустите?

При плаќање, потребно е да го прикажете бар-кодот генериран во мобилната апликација. Касиерот го скенира бар-кодот и попустот автоматски се пресметува.

Што се случува по истекот на членството?

По истекот на членството, потребно е да ја обновите членарината за да продолжите да ги користите попустите.

Доколку членството не се обнови во рок од 6 месеци, картичката се деактивира и автоматски се отстранува од вашиот профил.

Каде може да ја користам Dora Loyalty карта?

Лојалти картата може да се користи кај сите партнери наведени во делот „Партнери и попусти“ на мобилната апликација и на официјалната веб- страница.