ОПШТИ УСЛОВИ И ПРАВИЛА ЗА ИЗДАВАЊЕ И КОРИСТЕЊЕ НА
ДОРА ЛОЈАЛТИ КАРД ВО РАМКИ НА ДОРА ЛОЈАЛТИ ПРОГРАМАТА

1. Дефиниции
-Издавач на Дора Лојалти Кард – правно лице кое во малопродажните објекти или преку
интернет продажба кај Деловните партнери во мрежата овозможува купување на производи
и/или користење на услуги на Корисниците на Дора Лојалти Кард врз основа на претходно
воспоставена Дора Лојалти Програма за комерцијални поволности (во понатамошниот
текст како: „Издавачот“).
-Малопродажен објект – објект кој Деловниот партнер го користи за продажба или
користење на сопствени производи и/или услуги и во кој може да се користи Дора Лојалти
Кард.
-Интернет продажба - претставува процес на купување и продавање производи или услуги
преку интернет, односно преку електронски трансакции или нарачки на производи и услуги
преку веб-страница, онлајн продавница, апликација и сл. на Деловниот партнер, при што ќе
може да се користи Дора Лојалти Кард.
-Дора Лојалти Програма – посебна програма на потрошувачки поволности и попусти
според условите на Издавачот.
-Дора Лојалти Кард (Dora Loyalty Card) – документ во дигитална форма со кој се
докажува дека Корисникот на Дора Лојалти Кард е регистриран како член во рамки на
посебната програма на потрошувачки поволности Дора Лојалти Програмата под условите
на Издавачот (во понатамошниот текст како: „Картичката).
-Дора Лојалти ги опфаќа Дора Лојалти Кард и Дора Лојалти Програмата. Корисникот на
Дора Лојалти Кард е истовремено и корисник на бенефитите кои ги нуди Дора Лојалти
Програмата, а кои ги утврдува Издавачот.
-Корисник на Дора Лојалти Кард – физичко лице-потрошувач, кое ја користи Дора
Лојалти Кард за попуст и промоции за услугите и производи кои што му ги обезбедува
Издавачот, согласно Дора Лојалти Програмата, а се реализира кај Деловниот партнер (во
понатамошниот текст како: „Корисникот“).
-Наменска Лојалти сметка – единствена евиденција и регистрација на трансакции што се
активира кога Корисникот на Дора Лојалти Кард ќе ја набави картичката, односно ќе го
регистрира нејзиното користење за услуги и производи, согласно условите на Програмата.
-Деловен партнер – правно лице кое е давател на услуги и/или продавач на производи каде
што може Корисникот на Дора Лојалти Кард да ги искористи потрошувачките бенефити,
согласно Дора Лојалти Програмата (во понатамошниот текст како: „Партнер“).
-Изјава за приватност при користење на Дора Лојалти Кард во рамки на Дора Лојалти
Програмата – документ кој содржи информации за принципите и практиките кои ги
применува Издавачот за да обезбеди дека приватноста на Корисниците се почитувани и
неговите лични податоци се заштитени секогаш кога ја користи Дора Лојалти Кард и
во рамки на Дора Лојалти Програмата (во понатамошниот текст како: „Изјавата за
приватност“).


2. Воведни одредби


2.1. Овие Општи услови и правила за издавање и користење на Дора Лојалти Кард во рамки
на Дора Лојалти Програмата (во понатамошниот текст како: „овие Општи услови“) ги
објаснуваат подетално условите и правилата за издавање и користење на Дора Лојалти Кард
за Корисниците на Дора Лојалти Кард, кои се истовремено и членови на Дора Лојалти
Програмата, програма за комерцијални потрошувачки поволности.
2.2. Со регистрација за членство во Дора Лојалти, односно со користење или обид за
користење на Дора Лојалти Кард, Корисникот ги прифаќа, се обврзува и се согласува со
условите за користење утврдени во овие Општи услови, како и потврдува дека е запознаен
со известувањата за начинот и условите на користење, вклучувајќи ја и Изјавата за
приватност, достапни на веб-страницата: www.doraloyalty.mk на Издавачот.


3. Општи одредби


3.1. Правата и обврските на Корисникот, како и на Издавачот на Дора Лојалти Кард, се
регулираат со Општи услови и правила за издавање и користење на Дора Лојалти Кард во
рамки на Дора Лојалти Програмата и имаат карактер на двострано обврзувачки договор. Со
пристапување и/или користење на веб сајтот: www.doraloyalty.mk и мобилната апликација:
Dora Loyalty. Корисникот се согласува со овие Општи услови во целост, како и со Изјавата
за приватност.
Доколку не се согласувате со истите, Ве молиме да не ја користите веб-страницата
www.doraloyalty.mk и мобилната апликација: Dora Loyalty.


3.2. Дора Лојалти Кард е сопственост на Издавачот и истата не е персонализирана со името
на Корисникот (името на корисникот не е назначено на самата картичка). Истовремено,
името и другите податоци на Корисникот се евидентираат само во електронската база на
податоци, а истите се штитат согласно важечки прописи од областа на заштита на личните
податпци.


3.3. Корисник на Дора Лојалти Кард може да биде само физичко лице, кое има наполнето
најмалку 18 години (полнолетно лице). Доколку Корисникот не може да ја потврди возраста
или ако системот открие дека не е исполнета минималната возраст, Корисникот нема да
добие пристап за користење.


3.4. Со означување на полето „Потврдувам дека сум полнолетен/полнолетна“, Корисникот
декларира дека има најмалку 18 години. Доколку податоците кои ги наведе се неточни и/или
лажни, Корисникот изрично се согласува дека ќе сноси целосна законска одговорност,
согласно важечки прописи. Истовремено се согласува дека нема право да истакнува какви
било побарувања кон Издавачот и/или сопственикот на веб-страницата и/или мобилната
апликација: Dora Loyalty поради фактот што Корисникот дал невистинита изјава и добил
неовластен пристап или извршил плаќање. Издавачот, ниту сопственикот на веб- страницата
не може да гарантира дека методот на проверка нема да биде заобиколен или дека е
точен во сите случаи, и не сноси одговорност доколку некој незаконски или со лажна
изјава се обиде да добие пристап.


3.5. Дора Лојалти Кард е личен документ и не може да се пренесе, наследи, позајми, продаде
или користи од трети лица, освен како што е наведено во овие Општи услови. Секоја
злоупотреба на Картичката или користење спротивно на нејзината намена претставува
основ за веднаш укинување на членството и поништување на сите стекнати бенефиции и
поволности.


3.6. Дора Лојалти Кард е документ со кој се потврдува дека Корисникот е регистриран член
на Дора Лојалти Програмата и дека, врз основа на идентификација со важечка електронска
Картичка, има можност на кај Деловните Партнери да користи лично или за член на
потесното семејство определени потрошувачки бенефити дефинирани согласно со овие
Општи услови, како и врз основа на дополнителни известувања на Издавачот.


3.7. Со идентификација преку Дора Лојалти Кард при купување производи или користење
на услуги во малопродажните објекти или преку интернет продажба кај Деловните
партнери во мрежата на Дора Лојалти (во понатамошниот текст како: „Партнери“),
Корисникот се стекнува со право на користење на претходно точно определените попусти,
бенефити и/или други потрошувачки привилегии и право да купи определен производ и/или
да побара обезбедување соодветна услуга која ја нуди Партнерот, под привилегирани
услови кои се наведени од страна на Издавачот и кои се подложни на постојано ажурирање.


3.8. Дора Лојалти Кард не претставува платежен инструмент и не може да се користи
спротивно на пропишаните услови од овие Општи правила или спротивно на важечките
закони од релевантната област.


3.9. Дора Лојалти Кард може да се користи за купување производи и користење на услуги
единствено на посебно означените места или на конкретно назначениот начин (во
малопродажен објект и/или преку интернет продажба) кај Партнерите. Списокот на
Партнерите, начинот на користење и посебните попусти и привилегии, како и нивните
ограничувања е достапен на веб-страницата: www.doraloyalty.mk. Корисниците се должни
постојано да се информираат за актуелните потрошувачки бенефиции кои се нудат за
Корисниците, како и за начинот на кој можат истите да се користат, пред користење на Дора
Лојалти Кард. Издавачот, ниту Партнерот нема да сносат никаква одговорност доколку
Корисникот побарува неактуелни потрошувачки бенефиции или се обиде да искористи
услуга или да набави производ на начин кој не е предвиден како таков и/или под услови кои
не се во согласност со актуелната месечна понуда, објавена од Издавачот на веб-страницата.


3.10. Списокот на Партнери е подложен на промени и постојано ќе се ажурира од страна на
Издавачот. Издавачот ќе врши информирање на Корисниците за актуелните бенефиции и
поволности при продажба на производи или давање на услуги од страна на секој од
Партнерите, согласно објавените месечни понуди за попусти и промоции на мобилната
апликација “Dora Loyalty”. Истите подлежат на промени во согласност со тековните
известувања на Партнерите до Издавачот. Корисниците се должни самостојно да се
информираат за тоа кај кои Партнери можат да користат бенефиции, и кој вид на бенефиции
се актуелни во дадениот момент непосредно пред користење на Дора Лојалти Кард.
Издавачот, ниту Партнерот нема да сносат одговорност доколку Корисникот побарува
потрошувачки бенефити кај поранешен Партнер или кај друг деловен субјект кој не е
дел од мрежата на Партнери на Дора Лојалти во моментот на користењето, односно
не е наведен како таков во списокот на актуелни Партнери последно објавен од Издавачот.


3.11. Издавачот има склучено индивидуален договор за деловна соработка со секој Партнер,
согласно кој секој Партнер е должен да обезбеди техничка можност и стручен кадар со кој
на Корисниците на Дора Лојалти Кард ќе може да им се обезбеди користење на попуст или
други потрошувачки бенефиции, под услови и на начин договорени во истиот, согласно
овие Општи услови, согласно актуелните месечни понуди, како и согласно Политиката за
Деловни партнери во мрежата на Дора Лојалти Програма, која ги дефинира условите,
правилата, начелата и критериумите за избор и одржување на односите со Партнерите, а
која повремено ќе биде ажурирана од страната на Издавачот.


4. Регистрација и издавање на Дора Лојалти Кард


4.1. Дора Лојалти Кард е документ со кој се потврдува дека Корисникот е регистриран член
на Дора Лојалти Програмата.


4.2. Предуслов за регистрација во членство и користење на Дора Лојалти Картд претставува
Корисникот да поседува активен телефонски број и паметен телефон со Android или iOS
оперативен систем, како и најмалку една од следните апликации за инстант пораки: Viber,
WhatsApp или Telegram, со обезбедена активна интернет конекција.


4.3. Корисникот се регистрира за членство во Дора Лојалти Програмата со што добива Дора
Лојалти Кард, преку пополнување на пристапница на веб-страницата www.doraloyalty.mk
која претставува составен дел на овие Општи услови и со уплата на годишна членарина на
износ последно објавен на веб-страната.


4.4. При регистрација за членство во Дора Лојалти Програмата за добивање на Дора Лојалти
Кард, Корисникот е должен да ги внесе неопходните лични податоци во пристапницата.


4.5. Пристапницата се пополнува во електронска форма на веб-страницата
www.doraloyalty.mk, а со електронска верификација (преку телефонски број на
Корисникот), Корисникот дава согласност за регистрација, за преземање и обработка на
личните податоците внесени од пристапницата и нивно користење согласно Општите
услови, Изјавата за приватност и важечките прописи.


4.6. Издавачот има право да води евиденција за членовите на Дора Лојалти Програмата,
односно Корисниците на Дора Лојалти Кард за кои се доставени податоци, согласно
важечки прописи и Изјавата за приватност.


4.7. Во случај Корисникот при обид за регистрација и издавање на Дора Лојалти Кард да
одбие верификација на внесените податоци или да побара неговите лични податоци да не
се внесат во електронскиот систем, Издавачот има право да одбие членство и издавање на
Дора Лојалти Кард, односно нема да овозможи на нерегистрираниот член учество и
користење на потрошувачките бенефити на Дора Лојалти Програмата и издавање на Дора
Лојалти Кард.

4.8. Дора Лојалти Кард се издава со рок на важење од 12 месеци. Важноста на картичката
автоматски престанува 365 дена по уплата на годишната членарина. По истекот на рокот,
Корисникот може да побара повторна активација на Картичката со уплата на нова
членарина, при што повторно важат условите како за ново-регистрираните Корисници.
Корисникот е обврзан самостојно да води сметка до кога е во важност картичката која ја
користи. Издавачот не е обврзан да доставува потсетување до Корисникот пред
истекувањето на важноста на картичката.\


5. Изгубена / украдена Дора Лојалти Кард


5.1. Корисникот е должен веднаш да пријави кај Издавачот доколку ја изгуби или му биде
украдена Дора Лојалти Кард (на пример, во случај на кражба на мобилен телефон) или во
случај на замена на телефонскиот број со кој е регистриран.


5.2. Издавачот ќе настојува доколку е можно во таков случај да овозможи услови со цел
повторно користење на истата картичка, но при тоа има дискреционо право да одлучи дали
е можно и дозволено повторно да издаде или замени изгубена или украдена Дора Лојалти
Кард, во зависност од околностите и причините за истото.


5.3. Пријавата за изгубена/украдена картичка може да ја поднесе само Корисникот на Дора
Лојалти Кард, преку системот за рекламации/приговори, пријави и прашања достапен на
веб-страницата www.doraloyalty.mk.


6. Откажување на членство во Дора Лојалти Програма и откажување на користење на
Дора Лојалти Кард


6.1. Со истекот на времетраењето за кое е уплатена членарина, престанува членството во
Дора Лојалти Програмата, како и важноста на Дора Лојалти Кард. Корисникот може во
секој момент да провери кога му истекува платената членарината во мобилната апликација
или на веб-страницата. Корисникот е должен да се грижи за навремено и редовно плаќање
на членарина, во спротивно по истекот на валидноста, автоматски ќе биде онемозможено
понатамошното користење на Дора Лојалти Кард, а податоците ќе се бида избришани.


6.2. Корисникот има право во секое време да го прекине своето членство во Дора Лојалти
Програма, со поднесување на такво барање преку системот за приговор, пријава на
технички проблем и/или постави прашање достапен на веб-страницата www.doraloyalty.mk,
со што ќе се смета дека го раскинал договорниот однос со Издавачот.


6.3. Со потврда на барањето за прекин на членство од страна на Издавачот, членството и
поврзаните привилегии престануваат да важат, Дора Лојалти Кард ќе биде
деактивирана/поништена/укината, а обработката и бришењето на личните податоци ќе биде
извршено согласно Изјавата за приватност.


6.4. Издавачот има право, без образложение и без претходно предупредување, да го
суспендира или трајно да го прекине членството на Корисникот и да ја
деактивира/поништи/ укине Дора Лојалти Кард, со што ќе се смета дека го раскинал
договорниот однос, без претходна најава, во случаи наведени во овие Општи услови, како
и доколку:

- Корисникот ги прекршил овие Општи услови или условите на Програмата за лојалност;
- Доставил неточни или лажни податоци;
- Картичката се користи спротивно на нејзината намена, пренесена е на трето лице, се
злоупотребува или постои сомнеж за злоупотреба на картичката;
-Издавачот одлучи да ја укине Дора Лојалти Програмата и Дора Лојалти Кард, без оглед на
причините за истото;
-По барање или налог на надлежен државен орган и доколку настапат други законски
предвидени случаи или околноси кои влијаат.


6.5. Со прекинот на членството или раскинувањето на договорниот однос по било која
основа, Дора Лојалти Кард престанува да важи, а сите неискористени бенефиции се
поништуваат, освен ако со посебни правила на Програмата не е поинаку определено, а
обработката и бришењето на личните податоци ќе биде извршено согласно Изјавата за
приватност.


6.6. Корисникот е запознаен и изрично се согласува дека нема право да побарува
рефундирање на паричните средства од Издавачот за платената членарина во целост ниту
пропорционално, ниту пак да бара обезбедување на бенефициите, како и надомест на штета
поради предвремен прекин на членство доколку настапат услови за прекин на Дора Лојалти
Програмата и укинување на Дора Лојалти Кард и договорниот однос биде раскинат од која
било причина или иницијатива.


6.7. Прекинот на членството или раскинувањето на договорниот однос не го ослободува
Корисникот од обврските доколку сторил злоупотреби на Картичката и/или нанел штета.


6.8. Во случај на прекин на членство или раскинувањето на договорниот однос и укинување
на Дора Лојалти Кард Издавачот ќе го извести Корисникот при поднесено прашање преку
системот за рекламации/приговори, пријави и прашања достапен на веб-страницата
www.doraloyalty.mk.


7. Користење на Дора Лојалти Кард


7.1. Дора Лојалти Кард се издава на име на Корисникот.


7.2. Дора Лојалти Кард може да се користи при купување на производи и услуги за
остварување на бенефитите дефинирани согласно Општите услови и тековните месечни
објави и објавени известувања од Издавачот.


7.3. При користење на Дора Лојалти Кард во малопродажните објекти на Партнерите
потребно е Корисникот задолжително да го прикаже баркодот од мобилната апликација
„Dоra Loyalty“ за идентификација на своето членството во Дора Лојалти Програмата, во
спротивно нема да има можност за користење на конкретните попусти и бенефиции.


7.4. При користење на Дора Лојалти Кард, при интернет продажба воспоставена од страна
на Партнерите, потребно е Корисникот самостојно да го активира и внесе баркодот од
мобилната апликација со цел да може да ги искористи актуелните попусти или бенефиции
кои му се на располагање во тој момент кај Партнерот.

7.5. Корисникот може во секое време да пристапи до информација за сопственото
користење на Дора Лојалти Кард во изминатиот период, доколку отвори во делот
„Трансакции“ во мобилната апликација, а пристап до таа евиденција има и Издавачот.


7.6. Корисникот е должен да го извести Партнерот, односно овластеното лице за продажба
дека поседува Дора Лојалти Кард пред да го започне процесот на нарачка и купување на
производи/услуги кај Партнерот. Доколку Корисникот по извршеното плаќање или по
издадената фискална сметка кај Партнерот, го извести овластеното лице за продажба кај
Партнерот дека е Корисник на Дора Лојалти Кард, Партнерот го задржува правото да не
овозможи користење на предвидените бенефиции и попуст, бидејќи трансакцијата е веќе
затворена, односно извршена.


7.7. Корисникот може да искористи бенефити според важечкиот попуст и привилегии
утврдени помеѓу Издавачот и Партнерот. Во случај на купување поголем број артикли во
текот на еден ден со повеќе посети или повеќе купувања кај Партнерот, важат истите
бенефиции и попусти.


8. Бенефити / потрошувачки поволности


8.1. Корисникот на Дора Лојалти Кард во согласност со овие Општи услови и
дополнителните месечни понуди и известувања кои ги објавува Издавачот, може да користи
различни попусти и потрошувачки бенефиции меѓу кои, но не ограничувајќи се на:
• Бенефиции поврзани со купување, односно потрошувачки бенефиции;
• Фиксен попуст на определени производи и услуги, кои не се на претходен попуст
или редовна акција кај определени деловни Партнери;
• Информации и новости поврзани со продажната мрежа на Партнерите, производи,
акции и манифестации;
• Наградни игри достапни само за Корисниците на Дора Лојалти Кард;
• Можност за поволности од специјални понуди кај определени Партнери наменети за
Корисниците на Дора Лојалти Кард;
• Можност за поволности од специјални акции на затворена продажба, достапни само
за Корисниците на Дора Лојалти Кард и Корисниците на Лојалти Програмата на
Партнерите;
• Можност за поволности поврзани со распродажби и сезонски намалувања;
• Можност за ад-хок акции за Корисниците на Дора Лојалти Кард.


8.2. Корисникот е запознаен и согласен со тоа дека горенаведените поволности не се
загарантирани и не се користат кај сите Партнери постојано, односно не му следуваат на
користење со самото стекнувањето на Дора Лојалти Кард. Можност за користење како член
на Дора Лојалти Програмата, односно како Корисник на Дора Лојалти Кард може да има за
дел од нив.


8.3. Со цел точно информирање на Корисникот за актуелните бенефиции кои ги има на
располагање, Издавачот објавува на мобилната апликација известувања за актуелни понуди
и попусти кои Корисникот е должен да ги следи непосредно пред користењето на Дора
Лојалти Кард.

8.4. Продавачот го идентификува Корисникот на Дора Лојалти Кард, со Картичката која
мора електронски да биде присутна при регистрација во моментот на купувањето.


9. Приговори


9.1. Корисникот има право на приговор во поглед на користењето на Дора Лојалти Кард
односно во поглед на добивање на очекуваните бенефиции, кој го поднесува до Издавачот,
во рок од 30 дена од денот кога се случил настанот кој е основ за вложување на приговорот.
Издавачот нема да прифати и не е одговорен за приговори кои не се однесуваат на
Издавачот и на неговите надлежности и одговорности, ниту оние кои не се доставени во
предвидениот рок.


9.2. Корисникот, го доставува приговорот преку системот за приговор, пријава на технички
проблем и/или постави прашање достапен на веб-страницата www.doraloyalty.mk при што
е должен да го наведе своето име и презиме, контакт телефон, е-маил адресата и краток
опис на настанот кој е предмет на приговорот.


9.3. Доколку од Корисникот биде побарано, Корисникот е должен до Издавачот
дополнително да достави и соодветни докази за настанот кој е предмет на приговор, со цел
поткрепа на своите наводи од приговорот.


9.4. Издавачот ќе достави одговор по приговорот до Корисникот во рок од 15 дена од
приемот на приговорот.


9.5. Корисникот е запознаен дека Издавачот не може да гарантира, ниту презема каква било
одговорности за начинот на деловното работење на Партнерите, ниту пак може да преземе
каква било одговорност доколку Партнерите не ги исполнуваат законските обврски при
вршење на продажбата на производи и услуги, ниту пак за квалитетот на производите и
услугите кои Партнерите ги нудат и продаваат како и за роковите и начинот на нивна
испорака. Во случај на прекршување на законски обврски кои призлегуваат од Законот за
заштита на потрошувачи или друга важечки прописи, Корисникот има право да вложи
приговор директно до самите Партнери согласно нивната политика за тоа и да бара
одговорност од нив за истото, а за тоа може само да го извести Издавачот. Партнерите се
должни да обезбедат јасна и достапна постапка за поднесување приговори, согласно која
Корисникот може да вложи приговор или рекламација директно до нив, како секој друг
потрошувач.


9.6. Корисникот е запознаен дека во случај на прекин на интернет врската или електричната
енергија или друг технички проблем во малопродажните објекти на Партнерот истиот е
должен веднаш да го информира Издавачот, после што Издавачот објавува известување за
истото. Доколку настапи таква состојба или друга моментално непредвидена состојба или
виша сила поради која не постојат технички услови за Корисникот во дадениот момент да
ги користи бенефициите со Дора Лојалти Кард кај конкретниот Партнер, Корисникот е
должен да се обрати подоцна кај Партнерот со цел завршување на трансакцијата, кога ќе
постојат технички услови за истото. Корисникот е согласен дека нема право на надомест на
евентуалната штета предизвикана од ваков настан.

9.7. Доколку Корисникот вложи приговор кој не е наменет за Издавачот, туку се однесува
на Партнерот, по приемот на приговорот и комплетирање на потребната документација од
страна на Корисникот, Издавачот се обраќа за одговор на приговорот до Партнерот, со
барање Партнерот најдоцна во рок од 5 работни дена да достави до Издавачот одговор по
приговорот со приложено образложение за предложени мерки за преземање или причините
поради кои барањето на Корисникот на Дора Лојалти Кард може или не може да биде
прифатено. Ова особено важи доколку приговорот се однесува на незадоволство од страна
на Корисник на Дора Лојалти Кард за начинот на имплементирање на Дора Лојалти
Програмата во малопродажен објект или преку интернет платформа на Деловниот партнер.
Доколку се востанови дека Партнерот прекршил законски одредби при постапување со
Корисникот или не ги испочитувал договорните услови од Издавачот, Партнерот е обврзан
да ја отстрани неправилноста доколку тоа е можно и/или ќе преземе мерки за
надоместување на настаната штета на Корисникот, а во спротивно Корисникот има право
да покрене посебна постапка директно од Партнерот.


10. Пријава на технички проблем и/или постави прашање


10.1. Корисникот има можност да постави прашање и/или да пријави определен технички
проблем, прекин на услугата или пречка при користење преку системот за приговор, пријава
на технички проблем и/или постави прашање достапен на веб-страницата
www.doraloyalty.mk при што е должен да го наведе своето име и презиме, е-маил адресата
и опис на прашањето или проблемот со кој се соочил.


10.2. Доколку од Корисникот биде побарано, Корисникот е должен до Издавачот
дополнително да достави дополнителни информации со цел разрешување на проблемот
и/или одговор на поставеното прашање.


10.3. Издавачот ќе се обиде да го разреши техничкиот проблем и/или да достави одговор до
Корисникот во рок најкраток можен рок, во рамките на работното време.


11. Ограничување на одговорноста


11.1. Корисникот е исклучиво одговорен за користење Дора Лојалти Кард во согласност со
овие Општи правила и другите акти и известувања од Издавачот. Корисникот е должен да
ја чува Картичката и да спречи нејзино неовластено користење, обид за копирање или
злоупотреба. Издавачот не сноси одговорност доколку Корисникот ја изгуби Картичката,
односно доколку дојде до кражба на мобилниот уред и сл.


11.2. Корисникот се обврзува:
- Да не ја користи Дора Лојалти Кард, веб страницата и мобилната апликација за незаконски
цели;
-Да ги исполнува минималните технички барања кои се пропишани со цел користење на
Дора Лојати Кард и да го извести овластеното лице за продажба дека поседува Дора Лојалти
Кард пред да биде извршена трансакцијата и да изврши лично соодветна активација на
кодот кој е потребен за истото и да може да го покаже на продавачот;

-Да не дозволи други лица да се служат со неговата Дора Лојалти Кард, освен на членовите
на неговото потесно семејство, во присуство на Корисникот;
-Да внесе точни податоци при регистрација и активација;
-Да не се обидува да пристапи до системот на неовластен начин;


11.3. Корисникот е запознаен дека веб страницата и мобилната апликација ја користи на
сопствен ризик. Издавачот не гарантира непрекинато или безгрешно функционирање и не
одговара за евентуални штети предизвикани од користењето на истата. Издвачот ќе
настојува за секој проблем од техничка природа кој е во негова надлежност да преземе
мерки за да го разреши во најкус можен рок да биде отстранет, со цел непречено
функционирање на системот и задоволство на Корисниците.


11.4. Издавачот е ослободен од одговорност доколку Корисникот не ги почитува правилата
наведени во овие Општи услови, а не исклучиво, но особено доколку:
- Корисникот не е во можност да ја покаже и активира во Картичката, во моментот на
купување, поради што нема да може да ги искористи бенефитите кои му следуваат;
- Поради прекин на електрична енергија, прекин на интернет врската или друг проблем од
техничка природа на продажното место на Партнерот системот не функционира соодветно,
за што Корисникот е известен пред да ја изврши трансакцијата;
- Доколку постои сомнеж дека бараната трансакција е извршена неовластено;
- Доколку околности кои се надвор од контролата на Партнерот или Издавачот (како пожар,
поплава, компјутерски или комуникациски проблем) го спречат завршувањето на
трансакцијата или услугата е недостапна, при што Корисникот можеби нема да може да ја
користи Картичката или да добие информации користењето на услугата;
- Доколку од било која причина дојде до прекин на услугата;


11.5. Корисникот има право и обврска да го извести Издавачот доколку трансакциите се
погрешно евидентирани, ако постои неовластено користење или злоупотреба на Картичката
или доколку му се потребни дополнителни информации за трансакцијата. Во таков случај,
Корисникот е должен за истото да се обрати до Издавачот преку системот за приговор,
пријава на технички проблем и/или постави прашање достапен на веб страницата
www.doraloyalty.mk


12. Интелектуална сопственост


12.1. Сите содржини на веб страницата и мобилната апликација (текст, слики, логоа, код и
слично) се заштитени со авторски права и се сопственост на Издавачот или соодветни трети
страни. Забрането е нивно копирање, дистрибуција или какво било друго користење, без
дозвола.


13. Заштита на лични податоци


13.1. Издавачот презема соодветни технички и организациски мерки кои ја гарантираат
заштитата на личните податоци на Корисниците кои се обработуваат во рамки на Дора
Лојалти Програмата согласно Изјавата за приватност која е составен дел од овие Општи
услови.

14. Завршни одредби


14.1. Со регистрацијата за членство во Дора Лојалти Програмата, со цел користење на Дора
Лојалти Кард, Купувачот потврдува дека е запознаен и се согласува во целост со условите
опишани во овие Општи услови и дополнителните документи во прилог на истите.


14.2. Овие Општи услови претставуваат целосен договор помеѓу Издавачот и Корисникот
и ги заменуваат сите претходни верзии и комуникации поврзани со членството во Дора
Лојалти Програмата. Општите услови се задолжителни за сите инволвирани во Дора
Лојалти Програмата.


14.3. Издавачот има право во секое време да ги измени или дополни или укине овие Општи
услови и нивните прилог документи, за што ќе објави известување на веб страницата
www.doraloyalty.mk. Сите измени стапуваат во сила од момент на нивното објавување на
веб страницата и/или мобилната апликација, освен ако не е поинаку наведено. Измените
стапуваат во сила со нивното објавување на веб страницата, мобилната апликација или со
известување до Корисниците. Корисникот е должен редовно да се запознава со важечката
верзија на Општите услови. Корисникот кој продолжува да ја користи Картичката по
објавувањето на измените се смета дека ги прифаќа новите Општи услови.


14.4. Доколку некоја одредба од овие Општи услови се покаже како ништовна или
неприменлива, тоа нема да влијае на важноста на останатите одредби. Ништовната одредба
ќе се замени со друга што најмногу одговара на целта на целта на претходната одредба.


14.5. Овие Општи услови се толкуваат и применуваат согласно законите на Република
Северна Македонија. За сите спорови кои можат да произлезат од членството или
користењето на Картичката, надлежен е Основниот граѓански суд во Скопје.


14.6. Овие Општи услови стапуваат во сила на денот на нивното објавување на веб
страницата www.doraloyalty.mk. и/или мобилната апликација Dora Loyalty.

Датум на ажурирање: 09.10.2025 година