ИЗЈАВА ЗА ПРИВАТНОСТ
при користење на Дора Лојалти Кард во рамки на Дора Лојалти Програмата

Оваа Изјава за приватност содржи информации за принципите и практиките што ги следиме за да обезбедиме дека Вашата приватност е почитувана и Вашите лични податоци се заштитени секогаш кога ја користите Дора Лојалти Кард картичката и во рамки на Дора Лојалти Програмата.
Оваа Изјава за приватност ја опфаќа обработката на Вашите лични податоци преку веб-страницата www.doraloyalty.mk и преку мобилната апликација Dora Loyalty.
Оваа Изјава за приватност не се однесува на заштитата на лични податоци кои се обработуваат при останатите дејности и услуги кои ги нуди издавачот на Дора Лојалти Кард.

1. ПОДАТОЦИ ЗА КОНТРОЛОРОТ

назив: Друштво за трговија и услуги ДОРА ХОЛДИНГ 2024 ДООЕЛ Скопје;
седиште: ул. Варшавска бр. 17-1/13, 1000 Скопје, Република Северна Македонија;
ЕМБС: 7767919; ЕДБ: 4057024570963; со рег. е-пошта: dora.holding.2024@gmail.com;
телефонски број: 120 30;
oфицер за заштита на лични податоци: Гордана Нечовска

2. ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Ние ги собираме Вашите лични податоци кога се регистрирате како член на Дора Лојалти Програмата, односно кога пополнувате пристапница, учествувате во наградни игри организирани за корисниците на Дора Лојалти Програмата, поставувате прашања или вложувате приговор и/или кога на друг начин комуницирате со веб-страницата www.doraloyalty.mk и/или со мобилната апликација Dora Loyalty.
Вашите личните податоците ги евидентираме само во нашата електронската база на податоци, се со цел успешно функционирање на Дора Лојалти Кард и Дора Лојалти Програмата и со нив постапуваме согласно Законот за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија.
Дора Лојалти Кард не е персонализирана картичка, односно на истата директно не се впишани Вашите лични податоци, туку картичката содржи само идентификацинен код кој е регистриран во нашата електронска база на податоци. Поврзувањето на идентификациониот код и Вашите лични податоци е можен само преку нашата електронска евиденција. На тој начин, трети лица кај кои остварувате бенефити преку Дора Лојалти Кард немаат пристап ниту увид во Вашите лични податоци.
Услов за да Ви биде издадена Дора Лојалти Кард, е да пополните пристапница во која ќе ги споделите следните лични податоци: име, презиме, број на мобилен телефон, е-маил адреса, град на живеење. Без доставување на овие податоци, не сме во можност да Ви ја издадеме Дора Лојалти Кард, односно истото не е изводливо. Во случај на повлекување на согласноста да ги обработуваме овие Ваши лични податоци кои претходно сте ги споделиле со нас, понатамошното користење на Дора Лојалти Кард која Ви била издадена, повеќе нема да биде можно.
Опционално и доброволно, а со цел подобрување на корисничкото искуство, со нас може да ги споделите и следните лични податоци: адреса на живеење и датум на раѓање.
Ние не собираме податоци за Вашата трансакциска сметка при уплатата на членарина во рамки на Дора Лојалти Програмата која се врши преку веб страницата www.doraloyalty.mk.
Не собираме, ниту обработуваме лични документи за потребите на користење на Дора Лојалти Кард.
Веб-страницата www.doraloyalty.mk и мобилната апликација Dora Loyalty не прибира податоци како колачиња и други податоци за нивното користење од страна на корисниците.

3. ЦЕЛИ И ПРАВЕН ОСНОВ ЗА ОБРАБОТКА НА ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Вашите лични податоци ги обработуваме само во степен што е неопходен за да го овозможиме и унапредиме функционирањето на Дора Лојалти Кард во рамки на Дора Лојалти Програмата.
Нивната обработката е потребна за исполнување на договорните права и обврски уредени со Општи условите и правила за издавање и користење на Дора Лојалти Кард во рамки на Дора Лојалти Програмата. Делумно, податокот за бројот на мобилен телефон се користи и врз легитимен интерес за сигурност и спречување злоупотреби согласно применливата законска регулатива.
Гарантираме дека Вашите лични податоци се обработуваат со единствена цел да го овозможиме исполнувањето на договорните права и обврски кои произлегуваат од издавањето и користењето на Дора Лојалти Кард во рамки на Дора Лојалти Програмата и обработка на истите не вршиме, ниту имаме намера да вршиме за ниедна друга намена.
 

4. БЕЗБЕДНОСТ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Го почитуваме Вашето право на приватност, доверливоста и тајноста ја третираме со највисока сериозност. Применуваме технички и организациски мерки грижливо скроени да обезбедат највисоко потребно ниво на безбедност на системот за заштита на личните податоци, имајќи ги предвид најновите технолошки достигнувања, природата, обемот, контекстот и целите на обработката, како и ризиците со различен степен на веројатност, и сериозноста за правата и слободите на физичките лица. Обезбедуваме континуирана доверливост, интегритет, достапност и отпорност на системите и услугите за обработка на личните податоци. Вршиме редовно тестирање, оценување и евалуација на ефективноста на техничките и организациските мерки со цел да се гарантира безбедноста на обработката на личните податоци.
Нашите вработените кои доаѓаат во контакт со личните податоци се обрзани да постапуваат со нив во согласност со законот и другите прописи и да ги чуваат како доверливи сите информации што ќе ги дознаат во вршењето на своите должности. Личните податоците соодветно се штитат од злоупотреба, уништување, губење, неовластени промени или пристап.

5. ПРЕНОС НА ПОДАТОЦИ ВО ДРУГИ ЗЕМЈИ

Пренос на податоци во други земји се врши од единствено заради техничкото одржување на веб страницата www.doraloyalty.mk и мобилната апликација Dora Loyalty кое го врши: Zmart Solution
DOO Beograd, со седиште на ул. Средачка бр. 11, Белград, Република Србија. Серверите на веб страницата и апликацијата се во земјите на Европската Унија.
Ние обезбедуваме соодветна заштита за преносот на лични податоци преку низа договори или преку други соодветни мерки за заштита и преземаме мерки да осигурaме дека личните податоци добиваат соодветно ниво на заштита во јурисдикциите во кои се обработуваат.

6. КОРИСНИЦИ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Правото на користење на личните податоци кои сте ги споделиле со нас нема да биде пренесено на трети лица, освен доколку сме законски обврзани за тоа. Единствено, пристап до нив има компанијата која технички ги одржува веб страницата и мобилната апликација бидејки тоа е нужно за обезбедување на услугите кои ги користите. Вашите лични податоци не ги споделуваме со нашите деловни партнери во чии малопродажни објекти корисникот на Дора Лојалти Кард остварува потрошувачки бенефити.

7. ПЕРИОД НА ЧУВАЊЕ

Не ги чуваме Вашите лични податоци подолго отколку што е законски дозволено и неопходно за целите на користење на Дора Лојалти Кард картичката, односно Дора Лојалти програмата.
Во случај корисникот на Дора Лојалти Кард, односно Дора Лојалти Програмата да ја избрише својата корисничка сметка, личните податоци може да се чуваат само додека таквата обработка е потребна согласно закон.

8. ВАШИТЕ ПРАВА КАКО СУБЈЕКТ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Право на информирање – оваа Изјава за приватност е објавена со цел остварување на Вашето право да бидете информирани за личните податоци што ги обработуваме.
Право на пристап - во секое време имате можност да побарате информација од нас дали се обработуваат Ваши лични податоци, и доколку се обработуваат, да добиете пристап до нив.
Право на исправка - доколку има потреба од исправка на споделените лични податоци, имате право од нас да побарате нивна исправка и ние ќе го сториме тоа во рок од 15 дена.
Право на бришење (право да се биде заборавен) – со прекин на користењето на Дора Лојалти картичката, односно прекин на членството во Дора Лојалти програмата, можете да побарате од нас да ги избришеме Вашите лични податоци од нашите системи и ние веднаш ќе го сториме тоа, освен за податоци кои сме обврзани да ги чуваме со закон, но во законски ограничен рок.
Право на приговор - можете да се спротивставите на одредена обработка на Вашите лични податоци врз основа на легитимен интерес.
Право на ограничување на обработка - можете да побарате ограничување на обработката на Вашите лични податоци, на пример кога Вашите барања за бришење или корекција е во тек. Ве молиме бидете информирани дека ова ќе доведе до ограничени можности за користење на користење на Дора Лојалти Кард, односно членство во Дора Лојалти Програмата.
Како да ги остварите Вашите права
Наведените права може да ги остварите во контакт со нас преку системот за приговор, пријава на
технички проблем и/или постави прашање достапен на веб-страницата www.doraloyalty.mk.

9. БАРАЊЕ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПОВРЕДА НА ПРАВОТО НА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Доколку сметате дека Вашето право на заштита на личните податоци е повредено, согласно Законот за заштита на личните податоци на Северна Македонија, имате право да поднесете Барање за утврдување на прекршување на одредбите од Законот за заштита на личните податоци до Агенцијата за заштита на лични податоци во Северна Македонија (https://azlp.mk/).

10. ПРОМЕНИ НА ОВАА ИЗЈАВА ЗА ПРИВАТНОСТ

Oваа Изјава за приватност може да биде повремено ажурирана со цел да ги одрази промените во нашите практики за обработка на податоци или други релевантни измени.
Нема да вршиме суштински измени на оваа Изјава или да ги ограничиме правата на корисниците без претходно известување, а најновата верзија секогаш ќе биде веднаш достапна на веб страницата www.doraloyalty.mk.

Скопје, 09.10.2025 година